s​/​t LP

by My Tear

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
2.
03:23
3.
03:20
4.
5.
6.
7.
8.
02:45
9.

credits

released March 8, 2019

My Tear се:
Дени Крстев, Васко Атанасоски, Кристијан Лафазановски, Мартин Митевски.

Продуцирано од Васко Атанасоски.
Снимено, миксано и мастерирано во Студио 1060 (Скопје, јануари 2018 - февруари 2019) од Дени Крстев.

Човек од стакло и Мислев оригинално изведени од Фонија, Балкан Велики 2016 и 2017.

Фотографија на омот: Зденко Петровски.

Главен и одговорен уредник: Васко Атанасоски.
Балкан Велики, 2019.

---

My Tear are:
Deni Krstev, Vasko Atanasoski, Kristijan Lafazanovski, Martin Mitevski.

Produced by Vasko Atanasoski.
Recorded, mixed and mastered in Studio 1060 (Skopje, January 2018 - February 2019) by Deni Krstev.

Covek od staklo and Mislev originally performed by Fonija, Balkan Veliki 2016 and 2017.

Photo by Zdenko Petrovski.

Executive producer: Vasko Atanasoski.
Balkan Veliki, 2019.

license

all rights reserved

tags

about

Balkan Veliki Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Balkan Veliki

Streaming and
Download help

Track Name: Ostavi me da bidam
Остави ме да бидам:

И остави ме да бидам оној во којшто ти се вљуби...

Се прашувам со кои мисли заспиваш
Додека утро чекам и пробувам да сфатам
Каква е радоста без солзи
И како животот ќе ползи
Дур се бори секој за својата слобода
За слобода...

И остави ме да бидам оној во којшто ти се вљуби...

Се прашувам што е мир без стихија
И како спокој да сонам кога ноќта не нè чува
Од сите кошмари и лаги
И ги крие сите траги
Од зборовите што ги издишав
Ги издишав
Ги избриша...
Track Name: Lagi sareni
Лаги шарени:

Матни, матни фотографии
Бледи, бледи спомени
Вештачки, вештачки насмевки
Студени, студени прегратки

Тажни, тажни, тажни приказни
Тешки, тешки, тешки зборови
Злобни, злобни, злобни погледи
Лаги, лаги, лаги шарени

Би сакал да ти кажам дека се' е во ред
Дека платив парно, струја, сменив сијалиците
Би сакал да ти поклонам цвеќе на плоштад
Би сакал нешто убаво да ти запеам
Track Name: Kraj na juli
Крај на јули:

Денеска е крај на јули
И не знам како ќе се заврши
Доаѓа ли први август?
Срцево ќе пукне, ќе се искрши...

Ко Мексиканец сум на улица Радушка
Ко Мексиканец сум на улица Варшавска
Ко Мексиканец сум на улица Мексичка.
Track Name: My Tear & Petar Mladenovski - Posledniot Dedo Mraz
Последниот Дедо Мраз

Не сакам да топам нешто што не се топи
Замрзнува се' што ќе погледнам
Не сакам да топлам нешто што не се топли
Наместо да течам - смрзнувам

Нека врне, нека паѓа
Нека снежи, нека ежи
Нека студи, нека буди
Нека врне, нека паѓа...

Не сум некој којшто може да ти суди
Во сонот мој, снегот е се' уште мек
И стварно не знам зошто толку ти се чудиш
Ние двајцата не сме од овој век

Не сакам да бројам нешто што не се брои
Да помине животов 'ко буква без глас
Не можам да губам нешто што не се губи
Останувам последниот Дедо Мраз

Нека врне, нека паѓа
Нека снежи, нека ежи
Нека студи, нека буди
Нека врне, нека паѓа...
Track Name: Covek od staklo
Човек од стакло:

Уште една душа лета далеку
Од затворот за луѓе безгрешни
Уште една душа ќе заборави
На земјата што не ќе постои

Велат, млади сме за тага,
А стари сме за сите детски испади...
А од векот среќен нивни ни оставија
Само ведри приказни и долгови

Јас сум човек од стакло,
Погледни низ мене
Јас сум човек од стакло,
Ајде, скрши ме
Никогаш повеќе да не се составам...

Срце имаме, но знам...
Заслужуваме, но знам...
Молчам се' уште, но знам...
Секој од нас талка сам.

И како ли да најдам смисла
Во сите зборови од злоба кажани
И се чудам дали мирно спијат
Тие што живеат за туѓи јадови

И ќе го чувам градот што не' јаде
Кога никој не ни гледа ниту едно нешто
Добро во него
Не ни верувам во судбини,
Ниту паралелни светови
Можам сам да се победам!

Јас сум човек од стакло...
Track Name: Ti ke bides jas
Ти ќе бидеш јас:

Истите облаци
И исти прозори
И двајца што личат на нас.
Истите гласови
И исти порази
И двајца што личат на нас.

Нови утра и сни
И две нови статуи
И двајца што личат на нас
А јас не сакам да
Да ти кажам се што
Се уште не сме си кажале

И јас ќе бидам ти
И ти ќе бидеш јас...
Track Name: Dve-tri linii
Две-три линии:

Што ли помисли кога ме здогледа?
Дали лицево мое покажува
Две-три години со веѓи спуштени
Пет-шест години - по две-три кутии...

Што ли осети кога проговорив?
Дали очиве ми беа погласни?
Две-три линии, па пет-шест лименки
Многу зборови...

Ги гледам сите мои сни недосонети
Во одразот на твоите очи
И барам причина за пак да ги видам јас
Во одразот на твоите очила

Дали помислив кога те здогледав?
Што ли лицето твое ми кажува?
Две-три години добро потрошени?
Пет-шест години залудно фрлени?


Што ли осети кога проговорив?
Дали очиве ми беа погласни?
Две-три линии, па пет-шест лименки
Многу зборови...

Ги гледам сите мои сни недосонети
Во одразот на твоите очи
И барам причина за пак да ги видам јас
Во одразот на твоите очила
Track Name: Mislev
Мислев:

Мислев исти нешта мислиме...
Мислев знаеш зошто згрчени се рацеве
Мислев дека знаеш што не’ чека
Мислев дека знаеш дали треба...

Мислев исти сни сонуваме
Мислев знаеш зошто светат очиве
Мислев дека знаеш што не’ чека
Мислев дека знаеш дали треба

Мислев исти нешта мислиме...
Мислев знаеш зошто згрчени се рацеве
Мислев исти сни сонуваме
Мислев знаеш зошто светат очиве
Мислев исто горчат солзите
Мислев знаеш зошто гребат ноктиве

Мислев дека знаеш што не’ чека
Мислев дека знаеш дали треба
Track Name: Mnogu prasuvam
Многу прашувам

Не знам чија земја газиш
Кому ѕвониш кога тажиш
Како ли се презиваш

Што ли мислиш пред да спиеш
Што ли мислиш кога пиеш
Во која боја сонуваш

Знам, многу прашувам...

Не знам чија земја газам
Кому ѕвонам кога тажам
Како ли се презивам

Што ли мислам пред да спијам
Што ли мислам кога пијам
Во која боја сонувам

Знам, многу прашувам...

If you like s/t LP, you may also like: